Ашмали денеска беше изведен пред судот во Коломбо и одреден му е притвор до 16 јули.
Полицијата во Шри Ланка соопшти дека Ашмали, заедно со најмалку 33 други лица, меѓу кои имало и политичари, во текот на изминатите три месеци сексуално го злоставувале малолетното дете, откако било купено преку интернет страницата, пренесе ДПА.
Мајката на девојчето, која наводно дозволила да се експлоатира нејзината ќерка, е меѓу 32-те досега уапсени лица, а меѓу нив е и сопственикот на интернет страницата, преку која наводно одела трговијата со детето, како и локален политичар.
Полицијата во Шри Ланка соопшти дека две интернет страници се користеле за продажба на малолетни девојчиња за секс. Односот со лица на возраст под 18 години се смета за силување според законот на Шри Ланка и носи максимална казна затвор од 20 години.
-Имаме 32 лица во притвор и за 22 од нив се знае дека имале сексуални односи со малолетничката, изјави заменик-генералниот инспектор на полицијата во Шри Ланка, Аџит Рохана, мислејќи на 15-годишната девојка
Уапсените се уште не се обвинети од полицијата.
Меѓу другите уапсени има политичар од владејачката партија во Шри Ланка, будистички монах, истакнат трговец со скапоцени камења и капетан на трговската морнарица.