Поранешната мисица Јулија Ѓорѓиевска повторно е приведена, откако според полицијата се обидела да ја попречи акцијата за заловување на крупен добиток кај местото викано „Калин Камен“. Од МВР информираат дека на 20 мај во 13:25 часот полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишиле од слобода 28-годишната Ј.Ѓ. од Крива Паланка.
Според пријавата, таа спречувала вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство при спроведување на акцијата. По приведувањето, била однесена во полициска станица. Од полицијата велат дека по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.
Ова не е првпат нејзиното име да се поврзува со вакви инциденти. И претходно таа и членови на нејзиното семејство беа приведувани поради добиток кој слободно шетал низ Крива Паланка и околината.
