Манчестер Јунајтед доживеа нов тежок пораз на домашен терен, откако екипата на Борнмут славеше на „Олд Трафорд“ со убедливи 3:0. Ваквиот исход предизвика огромно незадоволство на трибините каде што домашните навивачи го испратија тимот со гласни свирежи.
По завршувањето на натпреварот, Керик отворено призна пред медиумите дека се наоѓа во исклучително комплексна ситуација и оти не е сигурен што точно ќе донесат следните денови за неговата позиција во клубот.
„Ова е тешка ситуација и нема бегање од тоа. Навистина не знам како изгледаат работите и што следува понатаму. Секогаш ќе го давам најдоброто од себе за клубот и тоа нема да го сменам сега. Го сакам она што го работам и ја чувствувам одговорноста. Ќе мора да почекаме и да видиме“, изјави Керик.
Кризните моменти за составот од Манчестер продолжуваат да се продлабочуваат со загрижувачка статистика. Екипата веќе осум последователни натпревари нема забележано победа, додека на последните 12 средби во сите натпреварувања успеа да оствари само два триумфа.
