Според последните податоци на веб страната Статиста, Македонија се наоѓа на седмото место по смртност во последните 7 денови (мерени заклучно со 16 март 2021 година).
Покрај тоа, Македонија се наоѓа и на 12 место по вкупниот број на смртни случаи од корона вирусот по милион жители (1,603.1).
Според последните податоци на Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања, а регистрирани се 284 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 152, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17, Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Гевгелија – по 5, Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица – по 3, Велес, Струга, Свети Николе и Берово – по 2, Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 21 починато лице, на возраст од 52 – 93 години и тоа: 8 пациенти од Скопје, од Прилеп и Охрид – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 3.340, а бројот на активни случаи изнесува 11.457. И покрај ваквите страшни бројки и фактот што пандемијата е во нов бран, Владата не отстапува од идејата да се одржи Попис на сред пандемија, покажувајќи повторно дека партиските договори им се поважни од здравјето и животите на народот.
И додека овие бројки се повеќе од очигледни дека одговорност конечно некој треба да сноси, владата предводена од СДСМ речиси не мрднува со прст тонејќи само во скандалите поврзани со вакцините.