Бучковски според владин документ добива 1000 евра месечно како консултантска награда за преговорите што ги води, а дополнително добива непозната сума за патување, дневници, сместување, логистика, храна и други трошоци што ги има кога се среќава со бугарски претставници, пренесе порталот Експрес.
Во владиниот документ не се открива колкава е другата сума наменета за трошоците на екс-премиерот Бучковски.