-Она што ние го поддржуваме е правда. Никој не вели дека поддржуваме насилство. Напротив, во Македонија постои судска пракса, дел од случаите за кои има основано сомневање дека биле политички инструирани, да има повторно судење од почеток за да се аргументираат позициите на двете страни – на обвинителството и на лицата што се обвинети. Тоа е она за кое ние се залагамеж, изјави Мицкоски.

На оваа тема денеска ќе се разговара на средбата помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски која беше закажана на иницијатива на Мицкоски, откако Пендаровски во емисијата „Само интервју“ изјави дека луѓето од 27 април не се терористи и дека случајот треба да оди на повторно судење и да се приложат нови докази.

-Јас луѓето првично ги прашував околу мене за какво кривично дело се гонат, јас знам дека такво кривично дело мислам формулација таква немаше на времето ниту во бивша Југославија, ниту во 90-тите години. Тоа е подоцна прифатено. Бидејќи јас нешто знам околу тероризмот и околу безбедносните проблеми и дилеми, јас тврдам дека тие луѓе не беа терористи што влегоа, изјави Пендааровски во „Само интервју“.

Иако и СДСМ како партија беше против, а и самиот Заев пред само некој ден протестот за 27 април го нарече забеганост, вчера изјави дека.

-Секој има право да отвори постапка за повторување на судење, доколку има нови докази, нови аргументи, а Судскиот совет е надлежен да одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципиелни работи надвор од вредностите во коишто живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш значи системот на казнување губи смисла. Така што, секако никако помилувања, никако амнестии во тој дел. Правото како и сите граѓани го имаат и тие коишто се осудени за настаните од 27-ми април, ако има некои нови докази, ако има нови моменти. Секако како и сите и тие го имаат тоа право, изјави вчера Заев во неговата изјава откако ја прими вакцината на Синофарм.

Ваквите чекори на некој начин покажуваат дека Заев ја искористил власта и си поиграл со судбината на осудените во овој случај, а судот субјективно се однесувал кон обвинетите, но откако се соочуваат со притисокот на мнозинството од народот започнаа да се ублажуваат ставовите.