-Нашата цел во јули беше да заштитиме 70 проценти од возрасните во Европската Унија со најмалку една доза. Денес ја постигнавме таа цел и 57 проценти од возрасните се целосно вакцинирани, рече Фон дер Лајен.
Таа посочи дека треба да продолжат напорите и да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.
-Делта-варијантата е многу опасна. Затоа ги повикувам сите кои имаат можност да се вакцинираат. Заради заштита на сопственото здравје и заштита на другите“, рече Фон дер Лајен, истакнувајќи дека ЕУ ќе продолжи да обезбедува доволно вакцини.