Телото на 66-годишен жител на Битола, кој од 2 јуни се водел како исчезнат, било пронајдено во реката Драгор, соопшти СВР Битола. Безживотното тело било пронајдено во населбата Кланица, кај местото викано „Дрвено мовче“.
По извршеното препознавање било утврдено дека станува збор за битолчанец чие исчезнување било пријавено пред една недела од негов роднина.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а увид на местото извршиле надлежните служби.
