– Моето лично мислење е дека позади овие блокади на Македонија можеби е видлива Бугарија како поединечна земја , но не сум сигурен дека Бугарија е единствената земја која во моментов не му дава приоритет на проширувањето. Веројатно некои други земји кои се потивки, споделуваат иста цел, проширувањето да биде побавно, смета претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска се сретна со својата колешка од Албанија.
Според пратеникот денешниот ден, кога во Луксембург се одржува министерски совет, ќе биде добра вест за Србија и Црна Гора кои ќе ги отворат меѓувладините конференции според новата методологија, но ќе биде уште едно разочарување за Македонија и Албанија затоа што не очекува да се донесе одлука за почеток на преговорите.
– Дополнително разочарувачки за нашата јавност е и тоа што македонската влада уште пред три години информирашедека веќе сме добиле датум за почеток на преговорите. Доколку ЕУ продолжи да работи на ваков начин сметам дека и таа во самиот регион ќе продолжи да го губи својот кредибилитет бидејќи од 2009 година имаме препорака за почеток на преговорите, а ЕУ не успева да обезбеди консензус тие да започнат. Нашето мислење е дека ЕУ без Западен Балкан не би била целосна. Моето лично мислење е дека позади овие блокади можеби е видлива Бугарија како поединечна земја, но не сум сигурен дека Бугарија е единствената земја која во моментов не му дава приоритет на проширувањето, рече Милошоски.
Според нивните информации и она што беше објавено во бугарските медиуми, Милошоски вели дека премиерот Зоран Заев минатата недела во Софија предложил нацрт документ во неофицијална верзија и тврди дека маса е ставен македонскиот јазик и идентитет.