Тајван, кој во голема мера беше поштеден од епидемијата на Ковид-19, сега се соочува со најтешката ситуација од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 11.000 новозаразени денеска се регистрирани на Тајван, како и два смртни случаја.

Бројот на новозаразени расте од крајот на март, а властите апелираат луѓето да останат во домашен карантин доколку имаат позитивен тест за Ковид-19, освен ако имаат потешки симптоми.

Министерот за здравство Чен Ших-Чунг потврди дека денес 99,7 отсто од заразените или немаат симптоми или се со лесна клиничка слика.