На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани.

Со последните бројки 64% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 62% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 57% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина .

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.