На 01.11.2021 во 11:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен С.С.(64) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11:00 часот во својот двор во Шуто Оризари откако, по претходна расправија, бил нападнат со тврд предмет од М.С.(41) од Скопје.

Сочинет е записник за константиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.