Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, информира дека четворица полициски службеници се полесно повредени, а од слобода се лишени две лица, 52 годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево.

СВР Тетово во координација со јавен обвинител работи на расчистување на случајот, по што против инволвираните во настанот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Денешниот протест во Тетово беше за да се расветли трагедијата со модуларната ковид болница, во која загинаа 14 лица. Во еден момент демонстрантите се судрија со полицијата, по што настана мешаница, а исходот е четири повредени.