МВР објави дека возрасен човек и негов малолетен син се повредени синоќа при пукање од огнено оружје за време на свадбарска прослава во Охрид.
„На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид“, објави полицијата.
Од К.Б. е одзеден цел арсенал оружје – од пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, до ловечка пушка „Бајкал“, како и дозвола за оружјето.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.