Денеска претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени. Утринската во Битола околу 4, а дневната до 8 степени.

Под влијание на циклонска активност и во понеделник ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.