Иако веќе сме речиси на средината на месец мај, сепак веќе од вторник 12 мај, територијата на Балканот ќе биде зафатена од нов поладен бран кој ќе се спушти од северозапад преку Алпскиот регион и ќе донесе нагло заладување, пад на температурите за 10 до 15, па и за повеќе од 15 степени, силен ветер, дожд па дури и појава снег на планините.

Веќе од ноќта кон среда се очекува и поголем пад на температурите во Македонија, според најновата прогноза на Метеоаларм.

Во периодот од 13-ти до 17-ти мај времето ќе се задржи умерено облачно и посвежо. Ќе врне дожд повремено, а ќе има и услови за грмежи, па затоа можеме да очекуваме прилично нестабилна средина од месецот.