Трет обид за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

Македонија повторно бара екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“ за тероризам. По шест години, надлежните почнаа нова постапка откако претходно, во два наврата барањето беше одбиено.

Стигна барање до Македонија да се екстрадира Рамадани

Додека Македонија бара екстрадиција од Косово, до Македонија стигна барање од Србија за екстрадиција на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани, кој беше приведен на граничниот премин Јажинце. Косово не ги поврзува двете постапки.

Филков најави неселективност

Филков најави и ново барање и за екстрадиција на осудениот експремиер Никола Груевски. Министерството за правда ќе бара штом ќе се создадат услови. Истакна дека со голема внимателност се следат сите случаи за кои е распишана потерница и ќе постапуваат, без исклучок.

Извор: МРТ