Пожар го зафати врвот „Китка” над Македонска Каменица. Точната локација како што информираат од Територијалната противпожарна единица е кај месноста Јуручки гробишта, во близина на самиот врв Китка.
Како што соопшти командирот Малин Трајчевски зафатена е површина од околу десет хектари со трева и нискостеблеста вегетација.
-Станува збор за пожар на отворен простор, на релативно тешко пристапен терен. Зафатени се трева и нискостеблеста вегетација. Пожарот се уште е активен, екипите на ТППЕ остануваат на терен се до локализирање и гаснење на истиот, информираше Трајчевски.
Тој додаде дека пожарот се наоѓа во непосредна близина на еден од изворите за вода, изворот Китка, од кој Македонска Каменица се снабдува со вода за пиење.