Во фирма на ул. „Јадранска магистрала“, сопственост на Ж.М. (55) од Скопје настанал пожар кој зафатил три возила.

Пожар ги зафатил патничкото возило „рено канго“, возило „фолксваген кеди“, возило „фиат добло“, сите со скопски регистарски ознаки и вилушкар.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.