Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска во 13:30 часот започнал пожар во поле, којшто подоцна се проширил во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци, каде е зафатен прнар и нискостеблеста шума.

Како што посочуваат од ЦУК на објавата на фејсбук-профилот, во гасењето на пожарот интервенираат девет пожарникари со четири противпожарни возила. Потенцираат дека во моментот на теренот се испратени и три пожарникари од ТППЕ Гевгелија и четири лица од Шумското стопанство од Гевгелија.