Чадот кој се издигнувал високо, бил густ и се забележувал од голема далечина, што ги вознемири граѓаните.
Интервенирала противпожарната единица од Охрид, која пожарот го стави под контрола, а понатамошната истрага треба да ги утврди причините за пожарот.
Во ова подрачје, слично како и во струшкиот регион секоја пролет намерно се пали и уништува трската која е природно живеалиште на голем број видови птици и животни.