На 11.06.2022 во 02.35 часот во СВР Куманово е пријавено дека во пекарница на ул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, сопственост на А.Б.(46) од Куманово, во близина на Зелен пазар, настанал пожар во кутија со осигурувачи поставена во една од просториите.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Куманово. Повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.