СВР Охрид информира дека вчера во полициското одделение во кичевското село Осломеј пријавено е дека во помошна котлара од електраната РЕК „Осломеј“ настанал пожар.

Пријавата била околу 12:25 часот.

-Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, велат од СВР Охрид.