На 23.03.20223 околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип ја лишиле од слобода С.Ш.(56) од Штип, поради сомнение дека во менувачница во Штип се обидела да размени фалсификувана банкнота од 100 евра, информира МВР.

Банкнотата била одземена за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.