Вчера во 19.55 часот во СВР Скопје од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворениот дел од женското одделение настанал пожар во една од просториите, соопшти МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Неофицијално, пожарот бил подметнат од затворенички кои запалиле постелнини и душеци.
МВР извршил увид и наскоро ќе излезе со повеќе детали.