Сè уште активни десетина пожари во земјава. Гори на повеќе локации.

Пожари во Македонски Брод, Новаци, Охрид, Ресен и Кичево

Големи пожари има и во општина Македонски Брод, во општина Новаци, во Охрид и во Ресен каде што гори од двете страни на Националниот парк Галичица. Три тешки пожари беснеат и на територијата на општина Кичево.

Пожарот во Врбен ставен под контрола

Огнот кој ја зафати шумата над селото Врбен кое е дел од Националниот парк Маврово, доближувајќи се на 500 метри од првите куќи во селото е ставен под контрола. Избегната е опасноста по животите и имотите на жителите. Во текот на ноќта мештаните дежураа за да спречат негово проширување.