Продолжува огнената стихија во Македонија. Само во последното деноноќие низ државата имаме триесетина пожари на отворено од кои сè уште се активни 11 пожари. Борбата со пламените јазици продолжува, на терен се пожарникари, вработени во јавни и комунални претпријатија, армиски припадници се дејствува и со воздухопловна поддршка. Пристигна и најавената помош од земји од регионот.
Активен е пожарот на Серта
Веќе шести ден е активен е пожарот на планината Серта во Неготинско. Веќе неколку денови овој пожар не може да локализира, па затоа денеска со меѓународна помош ќе се гаснат пожарите. Во шумите може да се забележи црн чад којшто најверојатно е од борова шума. Утрово од водушна перспектива се гаснеше во Драгоево и на ридот Штракалево, кој е меѓу Драгоево и полигонот Пенуш.
Координација на надлежните министерства
Министерството за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана се координираат за гаснењето на пожарите од копно и воздух. Со меѓународна поддршка се гасне пожарот. Се разбира на терен е и првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов којшто дејсвува на терен со активните пожари. Министрите Муцунски, Тошковски и Мисајловски се во постојана координација со Стојанче Ангелов.
Пристигна меѓународна помош
Уште од вчера Турција ѝ помага на Македонија, а за денеска најавено е дека Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија се државите кои ѝ помагаат на Македонија во борбата со огнените јазици.
Пожарот во Радовиш е ставен под контрола
Стојанче Ангелов соопшти дека пожарот кај Радовиш е ставен под целосна контрола. Радовишките пожарникари заедно со локалното население го ставија под контрола овој пожар.
Забрана за движење по шуми
Во меѓувреме има активна забрана за движење по шуми. Се препорачува граѓаните на овие температури да останат хидрирани. Строго е забрането движењето по шуми, а казните се драконски – од 1.500 до 2.000 евра.
Она што засега е јасно е дека сериозни пожари нема кои би го загрозиле животот на граѓаните.