Нов пожар избил над селото Вржале, во околината на Скопје, информира Центарот за управување со кризи.

Поради непристапниот терен, пожарот не може целосно да се локализира со интервенција од земја. Поради тоа, за утре наутро е планирана и воздушна интервенција, која ќе зависи од временските услови и состојбата на теренот.

Екипите ќе останат на местото во текот на целата ноќ и ќе ја следат состојбата, со цел навреме да се реагира доколку пожарот се прошири или дојде до промена на ситуацијата.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, е на терен заедно со заменик-командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ерол Алиу.