Инаку, Бадриќ во април годинава се сретнала на суд со пензионерот што две години ја следел. Сега првпат открила која ситуација пресудила за да ѝ се обрати на полицијата и колку многу живеела во страв.
– Замислете како е да се живее со сознанието дека некој постојано ве следи и дека секогаш ве демне? Дека ја знае вашата адреса и ви доаѓа на прагот, ѕвони на вратата од станот, дека оди на летен одмор каде што летувате и дека спие во хотелите каде што настапувате. Дека тој во секој момент знае каде се наоѓате и дури на автомобилот да пронајдете и апарат за следење. Најмногу сум ѝ благодарна на полицијата со која сум во контакт, бидејќи овие работи не се воопшто безопасни. За жал, многупати во животот поминав низ такви ситуации и се надевам дека никогаш повеќе нема да морам да се соочувам со такви луѓе, бидејќи тоа не би му го посакала никому, изјавила Нина Бадриќ за хрватски „Јутарњи“.
Пејачката открила дека минатата година го победила коронавирусот и дека сега се чувствува одлично. Имала благи симптоми, налик на посериозна настинка. Бадриќ открила и дека исхраната комплетно ја променила, станала вегетаријанка.