Познати се 29 репрезентации кои ќе играат на Светското првенство во фудбал во 2022 година.

Од Азија: Иран, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Кореја, Јапонија.
Од Африка: Гана, Мароко, Сенегал, Камерун, Тунис.
Од Европа: Англија, Белгија, Германија, Данска, Шпанија, Холандија, Полска, Португалија, Србија, Франција, Хрватска и Швајцарија.
Од Северна Америка: Канада, САД, Мексико.
Од Јужна Америка: Аргентина, Бразил, Еквадор, Уругвај.

Преостанатите три селекции кои ќе играат на Светското првенство во 2022 година ќе бидат одредени како резултат на плејофот:
Костарика – Нов Зеланд
Обединетите Арапски Емирати – Австралија
Велс — Украина/Шкотска.

Светското првенство ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември. Извлекувањето на групите е утре (1 април) во Доха