Вакцините чие пристигнување со месеци наназад се најавуваше – сега чекаат одобрение од Агенцијата за лекови за да може да почнат да се аплицираат кај граѓаните.
Од „МАЛМЕД“ за ТВ 24 велат дека процедурите се при крај и уверуваат дека за кратко време ќе дадат зелено светло за употреба.
-Одобрување на еден лек (вакцина во случајот) и пуштање во промет подразбира неколку процедури што треба да поминат во Агенцијата за лекови. Скоро сите процедури се завршени. Агенцијата работи во полн капацитет и во најкратко време ќе бидат завршени – вели д-р Лирим Шабани – Директор на Агенција за лекови и медицински помагала „МАЛМЕД“.
Целиот текст на ТВ 24