Германската Федерална канцеларија за информациска безбедност (BSI) ги предупреди пратениците и државните службеници за можен напад со шпионски софтвер насочен кон мобилните телефони. Ваквото официјално предупредување следува по безбедносното известување испратено од компанијата Епл до корисниците на Ајфон чии уреди можеби биле компромитирани.

Министерот за дигитализација Карстен Вилдбергер изјави за германскиот јавен сервис А-Ер-Де дека федералната агенција реагирала исклучително брзо и веднаш стапила во контакт со засегнатите лица, давајќи им соодветни насоки и совети како правилно да ги заштитат своите мобилни уреди.

„Во оваа фаза е чиста шпекулација за што точно станува збор. Ќе мора да почекаме и да видиме“, изјави Вилдбергер.

Вилдбергер дополнително посочи дека засега не би го поврзал инцидентот нужно со напад поврзан со вештачка интелигенција. Тој притоа истакна дека шпионскиот софтвер веќе подолго време активно се користи како алатка за таргетирање и упади врз паметните телефони на функционерите.