Повеќе од 54,7 милиони американски граѓани веќе гласале однапред на изборите за Конгресот, покажуваат најновите податоци објавени од Универзитетот во Флорида. Оваа бројка ги опфаќа како гласачите што лично се појавиле на избирачките места, така и оние што го испратиле своето гласачко ливче по пошта.
Во голем број сојузни држави каде што традиционално се води најнеизвесната политичка битка меѓу кандидатите, одѕивот на предвременото гласање веќе го надмина рекордното ниво забележано на изборите пред четири години.
Право на глас на редовните избори имаат околу 210 милиони Американци. Овие избори традиционално се одржуваат на средината од мандатот на актуелниот американски претседател и го одредуваат идниот распоред на силите во законодавната власт.
