Од МВР информираат дека денеска околу 14.00 часот во ОВР Кочани било пријавено организирање на свадбена прослава на улица „Шукри Шаин“ на која биле присутни повеќе граѓани. Веднаш по пријавата, на местото на настанот се упатиле полициски службеници и по консултации со дежурен јавен обвинител од ОЈО Кочани од слобода биле лишени пет лица, а свадбената прослава била прекината.
-По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 206 од КЗ „Непостапување според здравствени прописи“, велат од МВР.