Нови експлозии вечерва се слушнале во повеќе делови од Иран, а според првите извештаи погоден е и главниот град Техеран. Сведок за BBC Persian изјавил дека силна детонација се слушнала во западниот дел на градот, додека новинарите на агенцијата AFP јавиле за „низ нови експлозии“ во главниот град.
За експлозиите во Техеран известила и иранската државна новинска агенција IRNA. Во исто време, иранската агенција Fars објави дека два кварта во јужниот град Бушехр, каде што се наоѓа нуклеарната електрана, „биле цел на проектили“, пренесуваат светските агенции.
Непосредно по информациите за детонациите, Израелските воздушни сили се огласија на социјалната мрежа X. Во објавата стои дека „покренале уште еден воздушен напад и напаѓаат места за лансирање проектили и одбранбени системи во централен Иран“.
Според податоците на Иранскиот Црвен полумесец, повеќе од 200 лица загинале, а 747 се повредени низ 24 провинции во настаните кои таа организација ги опишува како американско-израелска агресија
