Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на церемонијата за поставување камен-темелник за изградба на нова спортска училишна сала во основното училиште „Димо Хаџи Димов“, кое се наоѓа во населбата Влае во Општина Карпош.
Како што најавија од владината прес-служба, во рамки на настанот е планирано и обраќање на премиерот Мицкоски пред медиумите.
