„Ве известуваме дека денеска 06.05.2021 година (четврток) во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. По вакцинирањето се предвидени изјави за медиумите пред влезот на спортската сала.
Медиумите кои имаат потреба од видео инсерти или фотографирање на вакцинирањето е потребно да дојдат најдоцна во 11:40 часот заради техничко поставување и непопречување на процесот на вакцинација за граѓаните.
Изјавата за медиуми пред салата „Борис Трајковски“ е планирана во 12:25 часот.
Ве покануваме на настанот притоа почитувајќи ги мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.“, соопштија од Владата.
Со оглед што сега вакцинацијата се врши со кинеската вакцина, претпоставка е дека премиерот ќе ја прими кинеската вакцина на Синофарм, веројатно и за да даде пример за граѓаните, од кои вчера половина од закажаните, не дојдоа на вакцинација.
Неодамна и министерт за здравство Венко Филипче рече дека ќе се вакцинира со кинеската вакцина, бидејќи сака да докаже дека е таа целосно безбедна за граѓаните.