Тој истакна дека електричната енергија веќе е поскапена за повеќе од 12% во 2021 година, а потенцираше дека лани покачувањето беше 7,5%, односно цели 20% за 12 месеци во услови економска криза.
– Причините за поскапување на електричната енергија се во криминалите во РЕК Битола и Електрани на Македонија. Сакам да ве потсетам и вам и македонската јавност дека Електрани на Македонија во 2017 година на еден ден пред доаѓањето на власт на оваа гарнитура беше во плус над 25 милиони евра. Денес истото тоа државно претпријатие е во минус од 16,8 милиони евра, а дополнително на овие средства и АД МЕПСО прокнижило загуба од 6 милиони евра. Ова се суми коишто се јавно објавени од страна на власта или со други зборови за 4 години само во овие државни претпријатија недостасуваат повеќе од 47 милиони евра. Поскапувањето на струјата се должи на сомнителни, коруптивни и криминални зделки во енергетските компании во сопственост на Република Македонија, вели Пренџов.
Пратеникот додаде:
– За покривање на загубите од овие зделки власта манипулира со граѓаните дека со намалувањето на ДДВ од 18% на 5 % ќе остане иста цената на електричната енергија но тоа е само за период од една година. Веќе од наредната година граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки за електрична енергија за најмалку 5%, а од 2023 година сметките за електрична енергија ќе бидат повисоки за најмалку 12,5%. Опозицијата го предложи ова законско решение и ќе го поддржи. Но истовремено ја предупредуваме јавноста дека додека СДСМ е на власт, цената на електричната енергија ќе расте, затоа што покажаа и докажаа дека не знаат да работат домаќински