Гостин во „Студио 10“ на Телевизија 24 беше пратеникот Љупчо Пренџов кој што истакна дека владата сака само да троши пари на граѓаните за личен профит искористувајќи ја енергетската криза и на тој начина прави пат преку кризните состојби практично за еден нов грабеж на граѓаните.
„Искуствиото со оваа влада ни покажува со претходните кризни состојби и искуството од пандемијата каде што во пандемија мнопгу институции набавувале продукти по 1500 пати поскапо од тогашните пазарни цени каде што се злоупотребуваа средствата од пандемијата за купување на возила на пасати и тн, каде што потрошија 180 милиони за набавка на нови возила вакцини и други набавки“ нагласи Пренџов.
Пратеникот Пренџов истакна дека владата бара одврзани раце за трошење огромни средства на граѓаните без притоа да даде отчет каде и на што конкретно ќе се потрошат тие средства.
„Не разговараме ние дали треба да има во Македонија кризна состојба сакам тоа јавноста да го знае. Едно е дали треба да има кризна состојба а друго е што се случува во собранието. Сакам да ја известам јавноста дека овој жесток отпор од стрна на опозицијата е затоа што на граѓанските претставници има се донесени два листа, првиот лист има два члена кои што кажуваат кога би почнувала таа кризна состојба и кога би завршувала а вториот лист е дека има потреба од тоа и толку, ние на два пасуси не можеме да им дадеме одврзани раце да трошат милјарди и милјарди денари за набавка на гас за набавка на електрична енергија“ истакна Пренџов.
Пренџов предупреди дека преку кризните состојби власта прави практично пат за еден нов грабеж на граѓаните.
„Сакам да предупредам дека преку овие кризни состојби тие прават практично пат за еден нов грабеж на граѓаните. тоа го тврдам одговорно бидејќи ако вие барате само одврзани раце да без тендери склучувате милионски договори за набавка на електрична енергија се поставува прашањето од каде се тие пари граѓаните треба да знаат од каде се тие пари што ќе се потрошат.Второ треба да знаат колку е домашно производство колку претпоставуваме дека треба да купиме, дали имаме проекции А, Б, или Ц, се однесуваат како црвените кмери во Камбоџа многу ветувања ја земаат власта тераат по свое и на никому не му даваат отчет. СДСМ не може да разбере дека оние милиони кои што ги трошат за набавка на електрична енергија за набавка на гас се пари на граѓаните. И тие мора да дојдат во собранието да образложат што и како планираат“ истакна Пренџов.