Љупчо Пренџов, пратеник во собранието од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата Филибастер на Радио Лидер изјави дека во македонското собрание има две блокади, едната активна блокада која што ја прават пратениците од опозицијата блокирајќи ги сите штетни закони предложени од пратениците на СДСМ, како и пасивна блокада односно како што рече тој владејачкото мнозинство само себе се блокира и не може да обезбеди консензус.
Во собранието има две блокади. Првата е активна блокада која што е производ на нашата работа односно блокирање на сите штетни закони, и тоа е активна блокади. И втората блокада е пасивна од владејачкото мнозинство. И доколку направиме анализа измиантите 16 дена, ќе видиме дека имаме 4 дена активна блокада, а 12 дена пасивна блокада што покажува дека владејачкото мнозинство уште поуспешно од нас само себе се блокира во рамките на собранието, рече тој
Пренџов вели дека нема ниту една крупна реформа во било кој сектор укажувајќи дека изјавите од страна на СДСМ дека доколку се одржат предвремени парламентарни избори ќе запрат крупните реформи е само обид да се заплашат граѓаните.
Која крупна реформа би прекинала во образованието ако има предвремени избори? Дали има таква реформа има? Нема. Ако има предвремени избори која крупна економска реформа ќе престане или забави? Дали такво нешто се случува? Не се случува. Ако има предвремени избори дали во здравството некоја крупна реформа спроведуваме моментално па таа ќе ја забавиме? Така и во енергетиката, така и во екологија, така и секаде. Едноставно што ќе се случи е промена на политичката партија, се друго е плашење на граѓаните дека ќе се забави или ќе престане. Вистината е дека нема ниту една единствена реформа на кое поле и да погледнете, истакна Пренџов.
Гледаме дека пет години од 2017 до сега 2022 каде и да отворите, во кој сектор да погледнете се е полошо, смета Пренџов.
За инцидентот со Талат Џафери за навредите кон собраниските службеници, Пренџов потенцираше дека по денешната изјава на Џафери дека не се чувствува виновен и нема да им се извини за искажаните зборови, всушност многу говори за тоа на кое ниво е државата и политичката култура.
Човечки е да се извините, но после 20 години неприкосновена власт, после целосно одлепување од реалноста, ги викна новинарите после две недели и кажа дека тој не е виновен дека се виновни службениците и дека нема потреба на никој да му се извинува, тоа многу зборува за државата и за нивото на политичка култура и одговорност., објасни пратеникот Пренџов.