Захарова: Притисокот врз Србија е оживување на „евро-нацизмот“

Се обновија преписките на релација Захарова – Брисел. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро реагираше на изјавите од Брисел. Таа ги нарече обидите за условување на интеграцијата на Србија во ЕУ поради евентуално учество на претседателот Александар Вучиќ на Денот на победата во Москва – „оживување на евро-нацизмот“.

„Ако е така, тогаш евро-нацизмот оживува пред нашите очи. Вака пред 80 години фашистите ги принудуваа оние што ги сметаа за ‘втор ред’ да се откажат од својата татковина, националност и религија,“ – изјави Захарова, пренесе руската агенција ТАСС.

Брисел со предупредувачки тон: Учеството ќе биде негативно протолкувано

Брисел со преупредувачки тон кон Захарова. Според изјавата на Каја Калас, шефица на европската дипломатија, за време на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ било јасно нагласено:

  • Учеството на 9 мај во Москва ќе биде тешко сфатено;

  • Војната што Русија ја води, според ЕУ, е од „сите размери“;

  • Членките на ЕУ испратиле сигнал дека симболичната поддршка кон Русија ќе има политичка тежина.

Политички притисоци или слобода на надворешна политика?

Захарова алудираше дека ваквите позиции од ЕУ:

  • Потсетуваат на принудни откажувања од национален идентитет;

  • Ги третираат кандидатите за членство како „втор ред“ народи;

  • Го враќаат во дискурсот терминот „евро-нацизам“, со кој Русија често опишува западни притисоци.

Денот на победата како нов геополитички фронт

Иако официјално ЕУ не донела одлука за санкционирање на Србија, пораките се јасни – секое учество на високо ниво на Денот на победата во Москва ќе се смета за симболичка поддршка на Русија во актуелниот конфликт. Од друга страна, Москва одговори со жестоки тврдења дека ЕУ повторно негува дискриминаторски и идеолошки притисоци.

Извор: Вечер