Полицајци од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со полицајци од ОВР Дебар и ОВР Струга вчера извршиле претрес во објект во с.Селокуќи, сопственост на А.М.(44) од Дебар.

Како што соопшти денеска МВР, претресот бил извршен врз основа на судска наредба. При претресот во објектот биле затекнати албанските државјани А.Ц. (36), И.М.(29) и Ф.Ц.(33), кои биле без документи и без пријавен престој.

Ф.Ц. бил баран по потерница и од Основен кривичен суд Скопје му бил одреден притвор и ќе биде спроведен во истражен затвор. Било утврдено дека А.Ц.(36) лажно се претставил како Р.К. и исто така се барал со потерница за сторено кривично дело.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.