Претседателот на Боцвана, Могвечи Масиси е заразен со коронавирус, а додека е во задолжителна самоизолација, го заменува потпретседателот Сламбер Когвана.
Портпаролот на Владата Џон Томас Дипов изјави дека Масиси немал никакви симптоми и оти лекарите внимателно ја следат неговата состојба.
Во оваа јужноафриканската земја нагло се зголеми бројот на новозаразени со новата варијанта омикрон, но здравствените власти велат дека стапките на хоспитализација не се зголемени.
Во Боцвана, околу 1,3 милиони луѓе или 71 отсто од населението се вакцинирани против коронавирус.