Претседателските декрети издадени вчера вклучуваат продолжување на суспензијата на овластувањата на Парламентот и укинување на имунитетот на сите пратеници од прогон.
Саид отиде чекор понатаму со указите, одлучувајќи да ги замрзне платите на пратениците.
Во декретите се споменува и намерата на Саид во иднина да владее исклучиво врз основа на претседателските декрети и да игнорира делови од Уставот.
Законите нема да одат во парламентот, чии овластувања се суспендирани, поради што Саид ќе има речиси неограничена моќ.
На 25 јули, Саид го смени премиерот на Тунис, го суспендираше парламентот и ја презеде извршната власт, наведувајќи дека тоа го прави од национални интереси.
Неговите критичари го опишаа потегот како државен удар.