Македонскиот претседател Стево Пендаровски го свика националниот Совет за безбедност. Денеска попладне во претседателскиот кабинет ќе се разговара за безбедносната состојба во државата и евро-атлантскиот регион, а покрај членовите на Советот, на состанокот ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Состанокот на советот за безбедност следува по новите најновите отровни стрели на официјална Софија кон Македонија. Министерот за надворешни Бујар Османи отиде во Софија да го посети 22 годишниот Христијан Пендиков кој беше претепан во Охрид, и завчера беше префрлен на лекување во Софија.

Со него беше и неговиот бугарски колега Николај Милков, кој испрати навреди кон Македонија дека во земјата се враќаат црните традиции на палење, стрелање и насилство врз луѓето. До него стоеше Османи, но не кажа ништо за ваквите обвинувања. Рече дека Македонија нема толерира насилство на што бугарските новинари му забележаа дека тоа се само празни зборови. Османи порача дека провокациите мора да прекинат и од другата страна за негирање на македонскиот народ, алудирајќи на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој пред неколку дена на среде Скопје скандираше Македонија е бугарска.