Колумбијците денеска ќе излезат на гласање за да изберат нов претседател.

Во трката за највисоката позиција се левичар, поранешен герилец кој се залага за длабоки општествени промени и градежен магнат кој вети дека ќе се бори против корупцијата.

Кандидатите Густаво Петро, ​​некогаш член на бунтовничката организација М-19, и Родолфо Хернандез, богат бизнисмен, се рамноправни во анкетите на јавното мислење.

Петро (62), поранешен градоначалник на Богота, кој моментално е сенатор, вети дека ќе се бори против нееднаквоста со бесплатно универзитетско образование, пензиски реформи и високи даноци на непродуктивното земјиште. Неговите предлози, особено оној за забрана на нови нафтени проекти, ги запрепасти некои инвеститори, иако тој вети дека ќе ги почитува постоечките, веќе потпишани договори.

За време на кампањата, тој откри дека бил измачуван од припадници на армијата кога бил во притвор поради неговите врски со герилците и тврди дека неговата изборна победа ќе ги наведе високите армиски функционери спремно да ги прифатат промените.

Уште еден кандидат за нов претседател на Колумбија, Родолфо Хернандез, поранешниот градоначалник на Букараманга, е кандидатот кој приреди изненадување со влегувањето во вториот круг. Тој вети дека ќе ја намали владата, ќе ги финансира социјалните програми со запирање на корупцијата, како и ќе обезбеди бесплатни наркотици за зависниците во обид да се бори против илегалните шверцери на дрога.