Во Србија утре е ден за гласање. Граѓаните ќе гласаат на претседателски, парламентарни и локални избори.
Како што јавуваат српските медиуми, изборите ќе ги следат и рекорден број набљудувачи, околу 5.218. ОЕБС ќе има 265 набљудувачи од 41 држава.
Претседателот на Републичката изборна комисија Владимир Димитријевиќ за РТС изјавил дека се е подготвено за отворањето на избирачките места. Според него, извршено е предавањето на изборниот материјал.
На шеф на државата и за народните избраници ќе гласаат 6.502.307 граѓани.
Сите избирачки места ќе бидат обезбедени и ќе има контролори.
Првите преелиминарни резултати РИК ќе ги соопшти 24 часа по затворањето на избирачките места, односно во понеделник до 20 април.
Рокот за конституирање на парламентот е 30 дена од објавувањето на конечните резултати, по што почнува да тече рокот од 90 дена за формирање на влада.