На вечерашнава седница нема да биде на дневен ред претседателскиот кандидат на СДСМ, изјави премиерот Димитар Ковачевски, но кажа дека претседателскиот кандидат ќе биде од редовите на СДСМ како што беше и на минатите избори.

Тој ова го изјави одговарајќи на прашање дали би поддржале претседателски кандидат на ДУИ, од каде вчера соопштија дека тоа им е следна цел.

– Сите политички партии имаат свои амбиции, но претседателски кандидат ќе биде од редовите на СДСМ како што беше и на минатите избори и ќе ја има најшироката поддршка од политичките партии и граѓанските организации, поединци и така натаму, и тоа ќе биде претседателот на државата и во следниот мандат, рече Ковачевски.