Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска при претрес на домот и други простории кои ги користел на 33-годишниот кочанчанец Е.Х. пронашле 105 пакувања марихуана подготвени за продажба, информира МВР.

– По обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на домот и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105 пакувања марихуана подготвени за продажба. Дрогата е одземена, лицето е приведено, а известен е и јавен обвинител, се наведува во соопштението.

Според МВР, по целосно документирање на случајот против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ согласно член 215 од Кривичниот законик.