Па така, македонските и српските туристи ќе можат да влезат со било која вакцина и тоа е добра вест.

Но, оние кои не се вакцинирани на граница ќе мораат да пополнат формулар на осум страни на англиски јазик. А во него нема што нема буквално.

Ќе мора да го наведете бројот на собата каде ќе престојувате па дури и плажата на која ќе се капете. Покрај тоа,мора да се наведе и дали имате прележано корона како и тоа дали имате антитела.

Кога ќе влезете во Грција состојбата не е ништо подобро.Засега не работат кафулњата, рестораните и после 21 часот има полициски час.

Македонците ќе можат кај јужниот сосед од 14 мај. За оние кои ќе се решат им посакуваме пријатен престој.